Во која доба од животот најмногу се ужива во сексот, и зошто?

Истражувањата покажале дека сексот со партнерот е многу подобар колку што сме постари. Дали се согласувате со тоа?

Во едно истражување во кое што учествувале 37 отсто жени и 34 отсто мажи, од вкупно 828 испитаници, било потврдено дека 40-тите години се најдобрите години за водење љубов со партнерот.

Како што покажало истражувањето, повеќе односи имале луѓето во 20-тите години, но навистина повеќе уживале во сексот со партнерот во 40-тите години од својот живот.

Причината за тоа е тоа што во текот на 40-тите години од својот живот, луѓето имаат повеќе искуство, помалку комплекси, повеќе самодоверба, знаат што сакаат и не се срамат од звуците и движењата во текот на сексуалниот однос.

Заклучок: тие се поопуштени, а со самото тоа и подобри и повешти во сексот.

Сексот во бракот е добар поради многу причини, но особено поради искрената љубов, знаете што вашиот партнер сака и не мора да ги криете вашите сексуални фантазии.

Освен тоа, постарите жени полесно и побрзо можат да доживеат оргазам, за разлика од помладите.

Едно истражување покажало дека 40 отсто од испитаниците кои што биле на возраст од 20 години имале проблем со постигнување оргазам, а 20 отсто од жените во свои 40 години немале никаков проблем со тоа.

Translate »