Регистрирани 68 нови случаи на коронавирус, најмногу новозаразени од Куманово
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19.
Најмногу од новозаразените се од Куманово, вкупно 18, по што следат Скопје – 15, Прилеп – 14, Тетово – 2, Струга – 10, Велес – 6 и по еден заразен во Битола, Гостивар и Кочани.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на инфекција се регистрирани во:
Скопје – 312
Куманово – 200
Дебар – 49
Штип – 27
Прилеп – 72
Тетово – 33
Струга – 43
Велес – 30
Битола – 9
Охрид – 4
Кавадарци – 3
Гостивар – 8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 21
Пробиштип – 1
Од министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.
Во „8 Септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.
Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.