Заев му одговори на Груевски за изборите

Премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, реагирајќи на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој обвини дека локалните избори спроведени на 15.октомври биле најнерегуларните до сега, вели изборите биле кристално чисти, фер, слободни и со изолирани инциденти.

Како што рече Заев при неговата посета на Кавадарци во знак на поддршка на кандидатот на СДСМ, Бетиане Китев, кој во вториот круг на 29.октмовси повторно ќе ја побара поддршката од кавадарчани, дека изборите биле според стандардите, потврдиле и меѓународните институции.

Груевски синоќа на гостувањето на ТВ Алфа рече дека првиот круг од локалните избори се нелегитимни, но дека на надворешниот фактор му одговарало, како што нагласи, да не го види тоа.

Тој рече и дека два пати ги повикувале амбасадорите и ОБСЕ да ги информираат за изборните нерегуларности, но дека се гледало оти не биле дојдени, како што рече, да спречат нешто.

Новатв.мк

Translate »