Младите ќе ги полнат болниците и ќе умираат: Драматично предупредување од познат вирусолог
Новиот вид на коронавирус штотуку пристигна во Србија, но Германците долго време се бореа против него. Од Берлин, вирусологот Андреј Трампуж се вклучи во Утринската програма на Србија и рече дека земјите мора да сторат се што можат за да избегнат катастрофа, особено кај младите, а потоа објасни и зошто.
„Вирусот се шири брзо, сите мерки сега се построги, засега знаеме дека е за 35 отсто позаразен, се шири експоненцијално“, рече Трампуж.
Дали има разлика во клиничката слика?
„За среќа, не е поопасен, клиничката слика е потполно иста, но се шири побрзо, затоа имаме поголема грижа, самиот вирус не е поопасен, но ситуацијата е, затоа што побрзо се шири со грешките во опуштање на мерките, побрзо ќе се рашири кај младите луѓе, тие ќе ги полнат болниците и ќе умираат. Иако стапката на смртност е помала кај помладите, но ќе имаме не 10.000, туку 100.000 заразени лица на ден, ќе имаме катастрофа. Најдобро е тие бројки да се сведат на нула, да се потисне вирусот во наредните недели и потоа да се вратиме во нормален живот со вакцинацијата“, рече тој.
Тој препорача да се носат „подобри маски, не хируршки, туку FFP2“, избегнување контакти и почитување, ако не и заострување на мерките. Тој издвои две вакцини само врз основа на технологијата врз која се направени, но рече дека треба да се прими било која.
– Или „Фајзер“или „Модерна“ се најдобрите вакцини според мене. Тие даваат околу 95 отсто заштита подолго време, но добро е да ги примиме и другите – рече Трампуж.
Тој приближно процени дека „во летните месеци“ би можеле да се вратиме на нормалниот живот.