Милошоски: Имаме колега пратеник кој силувал жена, во иднина силувачи да не можат да бидат на функции
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денека на собаниската говорница кажа дека дава целосна поддршка за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените.
-Давам целосна поддршка на Законот за спречување насилство врз жените и барам да не се дозволи во иднина кандидат за пратеник да биде човек кој силувал девојка, рече пратеникот.
Тој изнесе фрапантен податок дека во актуелниот собраниски состав има пратеник кој во минатото бил казнет за силување на жена. Милошоски не го откри идентитетот на пратеникот, ниту од која партија е тој.
На ова потпретседателот на Собранието Горан Мисовски рече дека немаат информација дека пратеник имал извршено такво кривично дело.
– Имаме колега пратеник кој извршил силување врз жена. Одлежал казна ама сепак сега врши висока функција. Барам предлогот да не може да извршува висока функција како градоначалник, пратеник, министер да се вметне во законите за избор на градоначалници, пратеници и за избор на влада, човек кој извршил родово базирано насилство врз жена, рече Милошоски.
Милошоски на својот профил на Фејсбук го објави видеото од неговото излагање пред колегите пратеници, а порача дека идентитот на патеникот нема да го открие, бидејќи не сака да буде лоши спомени кај жртвта.