Заев: за бегството на Никола Груевски треба да одговори и Мицковски-зошто предходно се гледал со Орбан и Вучиќ
Не е тајна, се знае, Груевски е во еден хотел во Будимпешта и чека да му се обезбеди стан.
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија 24 одговарајќи на прашање за бегството на Никола Груевски рече дека еден од можните исходи од истрагата за бегството се странски разузнавачи.
-Дали работеле разузнавачи на други земји во нашата земја и што нашето контра-разузнавање за тоа? Ова е само како можност. Тврдам дека политичка умисла ниту кај Спасовски, ниту кај мене немало, рече Заев.
Други владини извори пак потврдуваат дека не е тајна каде сега се наоѓа Груевски. Тој е сместен во еден хотел а не во вила на унгарскиот премиер Виктор Орбан, и сега чека да си обезбеди стан за живеење.
Премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата „Отворено“ истакна дека врз основа на сите информации што ги има постои основа за сомневање дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е вмешан во бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Бегството на Груевски било помогнато од однадвор, но со оглед на тоа што тој бил премиер долг временски период имал доволно луѓе да му помогнат и од одвнатре.
Нагласи дека Мицкоски имал средби и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, но по средбите не објавил за што зборувале. Нагласи дека тој не може да тврди дека на тие средби можеби се разговарало нешто за бегството на Груевски, но додаде дека врз основа на информациите со кои располага има основа за такво сомневеање, особено што тој патот низ Србија, го минува со лична карта.
Не сакаше да говори за детали од истрагата за тоа каде е одговорноста за бегството на поранешниот премиер, но нагласи дека не верува оти Мицкоски ќе биде вклучен во истрагата.
Рече дека се сомневал дека Груевски ќе побегне дека имало такви индиции, бил следен и обезбедуван, но дека немало конкретни информации како сето тоа би се случило.
-Имам потреба да кажам и повеќе, ама не смеам затоа што истрагата се уште трае. Не е номално што тој побегна од државата, но ќе видиме кој е виновен, ако има некој истрагата ќе покаже и тој ќе си понесе одговорност, рече Заев.
Смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не е одговорен за бегството на Груевски, нагласувајќи дека ефектите од неговата работа се големи и додаде дека МВР дејствувало согласно сопствените капацитети, но сепак и на начин на кој нема да ги прекрши човековите права.
-Ќе се бориме со сите алатки да го вратиме, рече Заев и додаде дека се уште нема одговор на барањето за екстрадиција од Унгарија.
-Ќе чекаме и ќе бараме начин тоа да се спроведе, а при тоа да не го нарушиме пријателството, Унгарија треба да гласа за протоколот за членство во НАТО, нагласи Заев и додаде дека со Орбан нема да бара специјална средба за Груевски, но оти следува Давос и други важни меѓународни конференции на кои ќе има можност да се види со унгарскиот премиер и да ја отвори оваа тема.