Грција ја поддржа Македонија за приклучување кон Јадранско -јонската иницијатива
Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека грчката Влада ја поддржува кандидатурата на Македонија за приклучување во Јадранско-јонската иницијатива, пренесува МИА.
Катругалос, во писмо до еврокомесарите за проширување и добрососедска политика и за регионална политика, Јоханес Хан и Корина Кретсу, ги најави намерите на Грција за поддршка на кандидатурата на Македонија.
Во Јадранско-јонската иницијатива веќе се вклучени Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.