(ВИДЕО) Спектакуларен трејлер за „Кралот на лавовите“

DISNEY го објавил првиот трејлер на римејкот на нивниот, веројатно, најпознат анимиран филм. Секако, станува збор за „Кралот на лавовите“.

Долгоочекуваниот римејк ќе има ист третман како и одлично прифатениот „Книга за џунглата“, а на режијата се нафатил истиот режисер, талентираниот Џон Фавро.
Во трејлерот веднаш ќе ја препознаете и незаборавната сцена од анимираниот филм, а разликата е што овојпат тоа делува многу поспектакуларно.
Инаку, се враќа и Џејмс Ерл Џонас кој во оригиналот го глумел Муфас, а ќе му се придсружат и бројни глумци и пејачи како што се Доналд Гловер, Бијонсе, Џон Оливер и многу други.

Translate »