Драматична снимка од Шпанија! Погледнете како воениот авион се урнал во морето: Пронајдено е телото на пилотот
Пилотот на шпанскиот воен авион, кој денеска се сруши во морето на југоисток од Шпанија, починал, соопшти шпанското министерство за одбрана.
Во соопштението на министерството е наведено дека пронајденото тело најверојатно е на пилотот, а конечна потврда се очекува после увидот на форензирачите, пренесува АР.
Претходно министерството навело дека пилотот успеал да се катапултира пред леталото да падне во вода.
Breaking Aviation News@breakingavnews
Spanish C101 fighter jet crashes into the Mediterranean Sea near Murcia, Spain. Search and rescue currently underway. http://breakingavnews.com/2019/08/26/report-air-force-plane-plunges-into-sea-of-southeast-coast/ …7811:18 AM – Aug 26, 2019Twitter Ads info and privacy70 people are talking about this
До паѓање на авионот С-101 дошло утрово за време на тренажниот лет во подрачјето на плажата „Manga de Mar Menor“, на југоисток од Шпанија.
Авионот се урнал во морето на југоисточниот шпански брег, кај одморалиштето „Manga de Mar Menor“.
Итните служби на Твитер соопштиле дека чамците биле на пат кон местото на несреќата.