Бразилскиот претседател ја навредил Брижит Макрон, францускиот лидер не му останал должен

о критиките на францускиот претседател Емануел Макрон на сметка на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро за пожарите во Амазонија, настанала вистинска вербална војна во која се вклучиле и синот на бразилскиот претседател, министри во владата, па и самиот Болсонаро, и тоа навредувајќи го самиот Макрон, но и неговата сопруга Брижит.

Болсонаро на Фејсбук објавил навредлив коментар на сметка на сопругата на Макрон, Брижит, смеејќи се за нејзините години. Поради тоа во медиумите и на социјалните мрежи го нарекле сексист, пренесува бразилскиот портал “O Globo Mundo”. 

Еден од фановите на Болсонаро на Фејсбук во саботата објавил фотографија од двајцата лидери со сопругите, Макрон со 66-годишната Брижит и Болсонаро чија сопруга Мишел има 37 години и помлада е од него 27 години. Покрај фотографијата напишал и коментар: “Дали разбирате зошто Макрон го прогонува Болсонаро?”

Во одговорот на овој пост, Болсонаро напишал: “Не го понижувајте човекот. Хахахаха”. Одговорот на Болсонаро се раширил на интернет и во француските медиуми, кои остро го критикувале неговиот став, а дошол одговор и од самиот Макрон. Тој го обвинил Болсонаро дека наместо да го одржи закажаниот состанок со францускиот министер за надворешни работи, отишол на фризер, и повторил дека Болсонаро лажел.

“Тоа е тажно. Пред се за него, а потоа и за Бразилците”, рекол Макрон.

Бразилските жени, додал Макрон, сигурно се срамат да читаат нешто такво за својот претседател и изнел дека очекува дека Бразил наскоро ќе има претседател кој ќе се однесува во склад со стандардите на неговата канцеларија.

“Макрон е опортунитистички кретен”

Исто така, вчера бразилскиот министер за образование на Твитер објавил навредлив Твит на сметка на Емануел Макрон.

“Макрон не е на ниво за дебата за Амазонија. Тој е само опортунитистички кретен кој сака поддршка од француското земјоделско лоби”, навел министерот Абрахан Вајнтрауб, веројатно мислејќи на ставот на Макрон за трговскиот договор меѓу ЕУ и јужноамериканскиот трговски блок Маркосур.

Вајнтрауб употребил португалски збор, воопшто не дипломатски, кој покрај “кретен” може да значи и “измамник” но и некоја пцовка.

“Франција е земја на екстреми. Создала луѓе како Декарт и Паскал, но и доброволци од СС дивизијата “Карло Велики””, напишал бразилскиот министер.

Тој во низата твитови навел и дека Французите избрале претседател без карактер, како и дека треба да го нападнат кретенот Макрон.

Синот на Болсонаро, Едуардо, сојузен пратеник и можен нов амбасадор на Бразил во САД, во петокот споделил снимка од насилните демонстрации на француските “Жолти елеци” со пораката “Макрон е идиот”.

Translate »