„Филип Втори“ арената ќе биде преименувана во „Тоше Проески“?

loading...

Националната арена „Филип Втори“ ќе биде преименувана и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдија од Владата за Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), информираа дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.

– АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и  ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект – велат за Плусинфо од АДСДП.

Translate »