Кој ќе биде фудбалер на годината: Лука Модриќ, Кристијано Роналдо или Мо Салах?
Жири од 80 тренери и 55 новинари традиционално на 30 август во Монако ќе ја додели наградата за играч на годината на УЕФА. Рангирањето е според играта на фудбалерите во домашните првенства, во Лигата на шампиони и во Лигата Европа.
Неодамна листата на потенцијални кандидати беше скратена на 10 играчи, одлука која ја донесоа 80 тренери и 55 новинари, меѓу кои и од единствениот спортски весник кај нас „Спорт“.
На новата Топ 3 листа што ја објави УЕФА се најдоа: Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид), Кристијано Роналдо (Португалија, Реал Мадрид, сега Јувентус) и Мо Салах (Египет, Ливерпул).
Во оваа конкуренција место заслужува и Гризман, кој успеа да ја освои Лигата Европа, Мундијалот и Суперкупот на УЕФА. Но, од друга страна, Роналдо, Модриќ и Салах заслужено влегоа во потесниот круг. Кој ќе го добие ова признание ќе видиме на 30. овој месец во Монако. Новата сезона започнува на 18 септември.
На македонските љубители на фудбалот, сите натпревари од UEFA Лигата на шампиони од сезоната 2018 / 2019 им се достапни на дигиталната телевизија MaxTV.