Со протести пред судот започна судењето за насилствата во Собранието од 27 април

Со протест  пред зградата на новиот Кривичен суд, денеска почна судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.  Групата која протестираше со зурли и тапани и извикување „Македонија, Македонија“  ги пречека обвинетите Митко Чавков, тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на Оперативниот штаб на МВР за време на нападот на Собранието, пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Зоран Василевски како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

Според обвиненито, обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Обвинителството утврдило дека со намера да го загрозат уставниот поредок и да оневозможат да изберат претседавач и претседател на Собранието, предизвикале акт на насилство и го загрозиле животот на пратеници, новинари, службени лица, вработени во Собранието и предизвикале и страв кај граѓаните.

За овој предмет  обвинети се 33 лица.

 

Translate »