ФРЛЕНА ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО ПРОДАВНИЦАТА НА МИСАЈЛОВСКИ ВО ЃОРЧЕ (ВИДЕО)

loading...

Од власта велат „можеме“, дека сме на „прав пат“, и дека било „нормално“, но на терен се е поинаку. Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017-та година имаше пожар во мојот дом.

Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!

Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите.

И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!“, додава тој.

Translate »