МЛАДОЖЕНЕЦОТ ГИ РАЗВЕЗУВАЛ ГОСТИТЕ ПО СВАДБА И ЗАГИНАЛ
Наместо прва брачна ноќ- погреб. Тоа се случило во близина на Требиње кога загина 32 годишен младоженец веднаш по свадбата.
Несреќата се случила ноќеска, 40 минути по полноќ , кога 32 – годишниот Марко Анѓелиќ удрил во карпа на патот кон Дубровник , развезувајќи ги гостите од свадбата. Тој пред неколку дена дошол од Белград во родниот крај , во Требиње за да ја направи свадбата.
По веселбата тргнал да ги однесе неколкумина од гостите до дома. Во несреќата тешко биле повредении другите патници во автомобилот Алфа Ромео. Тешко се повредени две момчиња и една девојка , кои се во болница во Требиње и се во стабилна состојба.
Четвртиот сопатник единствено е неповреден. За сега не се знае што е причина за несреќата и како младоженецот удрил во карпата покрај патот .