Барди погоди и му обезбеди опстанок на Леванте (Видео)
Леванте победи на гостувањето кај Џирона (1:2), а вториот погодок беше дело на македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Гостите израмнија само една минута ипол откако Џирона дојде во водство (60. минута) на дуелот меѓу две екипи кои се борат за опстанок, а решавачкиот момент се случи во 86. минута кога Барди го совлада Боно за конечни 1:2.
Голот на нашиот интернационалец донесе големо славје за гостинските фудбалери и фанови, бидејќи со оваа победа Леванте и теоретски обезбеди опстанок во Ла Лига.