Полицискиот час се воведува поради домашните веселби, вели Спасовски
Полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот како непопуларна мерка се воведува како резултат на групирањата и домашните веселби, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Денеска ќе се разговара за тоа на седница на Влада. Сепак, морам да нагласам дека каква и да биде одлуката, граѓаните мораат да ја почитуваат. Бидејќи истите тие кои сега се жалат што ќе се ограничи движењето, ќе негодуваат и кога ќе продолжи да расте бројот на заразени.Дали кога ќе седиме во кафани, во ресторани, во групирања, правење на домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност за пренос на вирусот и за евентуална последица смрт?,праша министерот.
Тој нагласи дека одлуките кои што ќе се донесат се резултат на однесувањето на сите нас.
-Ако не почитуваме, ако не носиме заштитна опрема, ако се групираме, ако правиме настани кои што со сигурност значат ширење на вирусот, тогаш државата во одреден момент мора да изреагира, рече Спасовски.