Пет работи кои Мартин Мила никогаш не би ги направил

Мартин Мила, како кантавтор,   веќе цела деценија опстојува  на македонската музичка сцена. Зад себе има три албуми, а му посакуваме уште десет. Професионално се занимава со графички дизајн, каде повторно  неговиот уметнички сензибилитет доаѓа до израз.  Покрај музиката, најголема  слабост му е ќеркичката Мила. Настапува низ цела Македонија, а оние кои сакаат  добра свирка, нека повелат на дружење со Мартин Мила секој вторник  во клубот ,,Винил,, и во ,,Центар- бар ,, во петок во Скопје.

Прашањето кое Radar.mk му го постави на згодниот  Мартин е кои пет работи никогаш не би ги направил во животот . Еве што ни одговори:

 

1.Никогаш, ама никогаш, не би се нафатил на банџи-скокање.  Како тинејџер многу ги сакав екстремните спортови, но  еднаш гледав видео каде што на  еден вљубеник  на таквото скокање со јаже  погрешно му ја пресметале килажата со должината и  еластичноста на јажето и… човекот скокна и толку беше….

2. Никогаш нема за Мила да одам по примерот: ” Остави го детето, не му помагај , сама нека си научи.” Е не! Дур  сум тука, покрај неа , и гледам дека и треба поддршка или совет,  веднаш ќе интервенирам. И ништо дуго не ме интересира! (отстрана можеби ќе кажат: пффф… така ќе ја разгалиш,  но јас на тоа вака одговарам : ај fu@#off!):)

3. Не би го одбил  Стинг ако  ме покани да отпееме една песна!

4. Никогаш не би ѝ дозволил на Мила да се тетовира доколку тоа го прави само за да биде ” кул” или ” ин” или по нашки кажано ” у мода”. Тетоважата е приказна и начин на живеење,  таа е за посебен круг луѓе,  кои , за жал, во нашата Македонија се уште  се опкружени со зјапачи . Требате да бидете подготвени постојано  да зјапаат во вас!

5. Никогаш не би ги повторил  истите грешки кои досега сум ги направил  … никогаш.

 

 

 

Translate »