Рики Мартин ќе се венча
Популарниот латино пејач Рики Мартин ќе се венча со својот вереник Иван Јосеф следната година. Тој најави дека тоа ќе биде голема јавна венчавка на која ќе бидат повикани сите.
„Ќе биде голем настан за кој луѓето ќе зборуваат. Ние сме модерно семејство и мислам дека луѓето тоа треба да го видат. Исто така, сакам да ја нормализирам убавината на нашето семејство. Ќе биде тоа јавна свадба и ќе го поделам своето венчавање со светот“, вели Рики Мартин за магазинот Ocean Drive.
Мартин и Јосеф се верија минатата година, а во моментот се во почетна фаза на планирање на свадбата.
„Се обидуваме да се соочиме со фактот дека поголемиот дел од семејството на Иван од Сирија веројатно нема да можат да дојдат во Америка. Затоа мислевме да се венчаме во Шпанија или Стокхолм“, вели Мартин.
Двојката заедно ги одгледуваат осмогодишните близнаци на Рики, Матео и Валентин.