Како дојде до судирот во Каталонија
Автономната зона Каталонија, која се наоѓа на североисточниот дел од Шпанија, денеска гласа на неформален референдум кој шпанската влада и Уставниот суд не го признаваат, а притоа светот сведочи за полициска бруталност која Шпанија ја нема видено уште од времето на диктаторот Франко.
На денешните тензии им претходеа апсења на официјалните организатори кои се дел од каталонската администрација, по што на 1.октомври, Мадрид го погази демократското право на глас на секој Каталонец.
Која е позадината на референдумот за кој Мадрид и Каталонија се судрија?
Каталонија е богат регион на североисточниот дел на Шпанија, еден од 17 автономни зони и има своја регионална администрација која управува со јавното здравје, образование и данокот. Но потоа данокот завршува во Мадрид.
Според сепаратистите, застапници на идејата за референдум, тие се незадоволни бидејќи голем дел од нивниот капитал завршува низ Шпанија.
На ова може да се додаде и идејата на каталонските националисти кои твдат дека тие имаат сопствена историја, култура и јазик.
Каталонија со идеја за независност после Франциско Франко
Четири години по смртта на Франко, диктаторот кој вршеше опресија врз автономноста на Каталонија, областа доби своја автономија. Во 2006 година, шпанската влада се согласи дека Каталонија треба да има поголема контрола над себе отколку Мадрид, но во 2010, Уставниот суд рече дека „Каталонец“ може да биде националност, но Каталонија не може да биде нација.
Веќе во 2014 година се одржа симболичен референдум во кој 80 отсто од гласачите беа ЗА независност, но референдумот и онака немаше да успее бидејќи 32 отсто од гласачкото тело излезе на гласачките места.
Новата администрација на Каталонија
Каталонскиот лидер Карлес Пигдемонт уште со влезот во административната канцеларија рече дека ја застапува идејата за независност и побара официјален референдум да се одржи во јуни 2017 година.
Но референдумот во октомври доаѓа откако Каталонците донесоа правна регулатива за се да биде според стандардите, за денес, да се случува хаос низ улиците во Барселона и Жирона.
Ставот на Мадрид
Мадрид цврсто се спротивставува на референдумот за независност и порака дека секој обид ќе биде спречен, особено откако и Уставниот суд го прогласи референдумот за неуставен.
Премиерот Мариано Рахој, лидер на конзервативната шпанска партија, порача дека Каталонија не смее да ја напушти Шпанија бидејќи државата е „неделива“ според Уставот изгласан во 1978 година.
Што ќе биде се спортските клубови, сите се прашуваат каде би можела ФК Барселона да игра
Еден од најголемите бреднови во спортот, ФК Барселона официјално го поддржа референдумот. На тоа се надоврза и популарниот шпански тренер кој работи во Англија (Манчестер Сити), Пеп Гвардиола, кој ја поддржа идејата за независност.
Но има и такви кои своето мислење се уште го немаат формирано како светскиот рекет број 1, Рафаел Надал кој рече дека не може да ја замисли Шпанија без Каталонија.
Главно, дебатите се фокусирани за настапувањето на ФК Барселона, која го има еден од најбогатите тимови со ѕвезди како Лионел Меси, Луис Суарез, Жерар Пике и други, односно каде таа би продолжила да се натпреварува.
Додека челниците во спортот од Мадрид порачаа дека Барселона нема да може да настапува во шпанска Примера, сега се заговара дека тимот би можел да се префрли во најскапата лига, Англиската.
Како и да е, никој не може да го предвиди исходот од денешниот референдум, и што по него. Каталонските лидери однапред си честитаа по полициската опресија од Мадрид дека тие успеале, но допрва следува реакцијата на Мадрид, на Европа, како и најважниот глас – на граѓаните, за потоа се да продолжи по старо, да се реформира односот Мадрид – Каталонија, или на светската мапа да се роди нова република со над 7 милиони жители.
Влатко Чаловски
Novatv.mk