Уште едно чудо во Нотр Дам: Пчелите кои живеат на покривот на Нотр Дам останаа живи

Пчелите кои живеат на покривот на Нотр Дам се живи и зујат. Тие го преживеаа катастрофалниот пожар кој одекна во катедралата во понеделникот.

Во Нотр Дам има сместено три сандаци на првиот кат на кровот над сокровишницата, уште од 2013. Секоја кошницата има околу 60.000 пчели.
Геант, кој е пчелар и бил повикан околу оваа тема рече дека пчелите и нивните улишта не биле допрени од пожарот, бидејќи се наоѓаат околу 30 метри под главниот покрив каде што се шири огнот.

“Тие не беа во средината на огнот, ако беа, тие немаше да преживеат”, рече Геант. “Восокот се топи на 63 степени, а ако кошницата ја достигнала таа температура, восокот ќе се стопи и ќе ги залепи пчелите заедно, и сите би ги загубиле животите”.
Иако веројатно е дека улиштата биле исполнети со чад, тоа не влијаело врз нив, како што би било со луѓето, објаснува Геант.
“Пчелите немаат бели дробови како нас”, рече тој.

“Јас бев неверојатно тажен за Нотр Дам, бидејќи тоа е толку убава зграда, и како католик тоа значи многу за мене. Но, за да се слушне постои живот, кога станува збор за пчели, тоа е само прекрасно. Бев пресреќен”, додаде тој .
“Фала му на Бога огнот не ги допре. Тоа е чудо!”

Translate »