ЗЕКИРИ: ГРАНИЦИТЕ СЕ ОТВОРААТ ВО ПЕТОК И НЕМА ДА ИМА ПОТРЕБА ОД PRC ТЕСТ

Границите ќе се отворат во петок, на 26-ти јуни. Оваа одлука ја потврди и пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

„Границите се отвораат во петок и нема да има потреба од PRC тест. Аеродромите во земјава ќе бидат отворени“, напиша Зекири на својот Фејсбук профил.

На денешната седница Кризниот штаб го одобри предлогот за отворање на границите без ограничувања.

„Анализата покажува дека целиот регион е во ист епидемиолошки ризик.. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, на пример потпишување документи за следење, што на почетокот на кризата се практикуваше во авион“, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Translate »