Германија првпат воведува изолација за цел регион: Поради коронавирусот во карантин ќе бидат околу 360.000 луѓе

Германија денеска првпат најави воведување изолација на цела локална заедница после појавата на коронавирусот во еден кластер, каде се регистрирани повеќе од 1.500 заразени.

„Ќе воведеме изолација во целиот кантон Гитерслох кој има околу 360.000 жители“, изјавил Армин Лашет, претставник за медиумите од најнаселената германса покраина Северна Рајна-Вестфалија, која се наоѓа на западниот дел во Германија.

Како што пренесува „AP“, тој прецизирал дека жителите ќе можат да имаат контакти само со семејствата или само со едно лице надвор од домаќинството.

Според него, кината, фитнес студијата и кафулињата ќе бидат затворени, иако рестораните ќе продолжат да работат, но ќе примаат само членови од исто семејство. 

Повеќе од 1.500 лица се позитивни на коронавирусот во еден кластер, а 1000 се во карантин за да се запре ширењето на коронавирусот. 

Translate »