Светска банка: 15 илјади евра ја чини државата секој млад човек што ќе ја напушти земјава

Светска банка: Македонија во последните 15 години ја напуштиле 500 илјади граѓани. По 15 илјади евра ја чини државата секој млад човек што ќе ја напушти земјава, а карта во еден правец последниве 15 години купиле половина милион граѓани, покажува извештајот на Светска банка. 

Па така, ако се следи статистиката Македонија во тој период изгубила 7ипол милијарди евра.

Бројките го вклучија алармот кај младинските организации.Пред официјалниот старт на кампањата за претстојните парламентарни избори од Мрежата за спречување на одлив на мозоци излегоа со низа препораки до политичките партии.

„Порано семислеше дека одат само за да најдат работа, за пари,како втора и трета причина се јавува дека преку глава им е политичка ситуација и сакаат подобар живот и стандард, а во последно време се јавува и животна средина. Поубав амбиент за да се пронајдат и просперираат тука. Мерки коишто ќе бидат во таа насока, кои ќе бидат конкретни и системски., да не биде тоа еднократни од коишто младите еднаш ќе има бенефит и после ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат.“, вели Иван Јованов, Мрежа за спречување на одлив на мозоци.

Според Јованов, трендот на одлив на мозоци ќе зема замав и во наредните 4 години. Додава дека само со конкретни идеи со кои би им се подобрила ситуацијата на младите, може да се спречи нивното иселување од земјава.

Translate »