Пакомак го одбележува светскиот ден на рециклирањето
Денес, ширум светот се одбележува денот на рециклирањето. Тоа е и повод, „Пакомак”, уште еднаш да ја потенцира важноста на навиките за селекција на отпадот од пакување кај граѓаните и компаниите, како единствен начин за долгорочна одржливовост и здрава животна средина.
Трендот секако е позитивен и во последнава година е евидентиран раст на собраните колични на отпад, како и негово рециклирање во споредба со изминатите години.
Континураниот развој и остварувањето на строго зацртаните цели преку сите проекти, екоакции, едукација и активности, резултираа Пакомак да има одлична соработка со 35 општини, во кои живее над 75% од населението во Република Македонија, каде се уредно поставени сините, жолтите и зелените контејнери за селективно собирање на хартија, пластика и стакло. Дополнително компанијата соработува со над 800 објекти (хотели, ресторани и кафулиња) од кои редовно собира стаклена амбалажа и овој број од година во година расте.
„Пакомак” е првата компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. Основачи на компанијата се 11 водечки производствени компании во Македонија: Пивара Скопје АД Скопје; Прилепска пиварница АД Прилеп; Витаминка АД Прилеп; Пелистерка ДОО Скопје; Магрони ДОО Скопје (Ладна, Добра вода); Кодинг Дооел Кавадарци (Горска вода); Кожувчанка ДОО Кавадарци; Вивакс Дооел Скопје; Благој Ѓорев АД Велес; ВВ Тиквеш АД; ВВ Стоби АД.
Резултатите од напорите на Пакомак денес се видливи. Според истражувањата, во однос на почетокот на работата на Пакомак, денес присутна е видлива разлика кај свеста на населението за рециклирање. Над 70% од населението ги знаат бенефитите од рециклирањето, над 50 % го препознаваат Пакомак како компанија за менџирање на амбалажниот отпад.
Преку собирачката мрежа на Пакомак, се собира над 25.000 тони отпад од пакување годишно, во кои е вклучено: стакло, пластика, хартија, метал, дрво и композит. „Пакомак“ во 2018 година набави и 390 игло контејнери, кои се поставуваат на јавни површини, а инвестицијата е 7,4 милиони денари. Во Скопје има 175 игло контејнери, во Битола 60, во Кавадарци, Прилеп и во Охрид има по 45, во Струмица 40, во Струга, Штип и во Велес по 35, во Куманово 30, во Гевгелија 20, во Илинден, Кичево и во Неготино по десет, во Ресен осум, во Свети Николе, Дојран, Крушево и во Валандово по пет и во Арачиново, Студеничани и во Зелениково по два игло контејнери.
Според последните активности на „Пакомак“, каде во фокус е стаклената амбалажа, како и од „ХоРеКа“ каналите (систем за собирање стаклена амбалажа) се собираат над 140 тони месечно и тоа собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 50 проценти од стаклото.
Од своето работење до денес Пакомак бележи импозантна бројка на рециклиран амбалажен отпад од 115.541 тони. Од година во година бројот расте и напорите и визиите на Пакомак се во блиска иднина секое домаќинство да го селектира амбалажниот отпад и да се подигне нивото на самосвест за оваа граѓанска должност кај секој од нас.
На светскиот ден на рециклирањето, Пакомак сака да им се заблагодари на сите кои правилно постапуваат со отпадот и се грижат за животната средина. Дополнително, Пакомак ќе продолжи да ги негува долготрајните соработки со клиетните и со државата согласно европските регулативи – да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.