Хашим Тачи кaко Че Гевара во биографијата “Нова држава-модерен државник”
Косовскиот претседател Хашим Тачи во неговата биографија “Нова држава-модерен државник” е опишан како Че Гевара на ослободителната борба за Косово и државник од калиброт на Енвер Хоџа. Книгата ја напишале британските новинари Роџер Бојс и Сузан Џегер. Во романсираната биографија, на 320 страници, се раскажуваат детали за војната и доворот од Рамбуије, а во целата приказна Тачи е главен херој, борец против српската окупација, кој на рамна нога преговара со големите сили за ослободување на својот народ. Во пишувањето на книгата биле вклучени разни експерти и сведоци, кои сега се жалат дека не биле исплатени за својот труд. Еден од нив , бившиот хашкиот обвинител сер Џефри Најс кој го предводеше процесот против Слободан Милошевиќ , испратил писмо до косовската влада , барајќи да му се исплати ветениот хонорар од 500 000 евра за неговиот придонес во книгата. Ова крена голема прашина во косовската јавност бидејќи стана очигледно дека книгата била спонзорирана со пари од државната каса.
Српските медиуми пак објавија дека во пишувањето на книгата учествувал и истажувачки тим составен од двајца албански новинари, но и еден новинар со српска националност.
“Србинот од Тачи добил најмалку 20 000 евра за да помогне во пишување на романсираната биографија во која Србите се оцрнети. Поголемиот дел од книгата го напишале Албанците, но Србинот ја зачинил целата приказна, додавајќи пикантни детали, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на локален извор.
Тачи книгата свечено ја промовираше во Лондон и во Париз, каде говор одржа и Бернард Кушнер, поранешниот шеф на УНМИК.