Отворена е реновираната Телеком продавница во центарот на Охрид
- Корисниците коишто денеска ќе потпишат нов или ќе го обноват договорот, можат да купат мобилен телефон во Smart M тарифата со попуст до 50 отсто
- Продавницата нуди интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците
Македонски Телеком денеска ја отвори реновираната продавница во центарот на Охрид. Со реновирањето, променет е изгледот на Телеком продавницата којашто доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот со прикажување на куќата на Робевци, којашто е карактеристична за поднебјето. Сега, продавницата којашто се наоѓа во административната зграда на Македонски Телеком во Охрид нуди атрактивен, модерен и пред сè, пријатен амбиент за корисниците.
На денот на отворањето на реновираната продавница во Охрид, Македонски Телеком подготви изненадувањe за своите корисници. Секој корисник којшто ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор има можност да купи мобилен телефон во Smart M тарифата со попуст до 50 отсто.
Реновираната Телеком продавница во Охрид овозможува подобра услуга, одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком. Корисниците отсега во единствената Телеком продавница во Охрид, можат сè на едно место, брзо и лесно, да го најдат она најмногу што им одговара, согласно потребите и можностите.
Со преуредувањето, интерактивниот концепт на Телеком продавницата во Охрид дополнително го збогатува единственото корисничко искуство.