Жерновски ќе добие нова функција
Поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, се очекува да биде новиот заменик министер за надворешни работи. Жерновски беше пратеник девет години во три мандати, се до 2013-та година, кога стана градоначалник.
На ланските локални избори иако најави, се откажа од повторна кандидатура и премина од ЛДП во СДСМ, изјавувајќи дека ќе стапи на висока позиција во владата.
Заменик – министер ќе стане и пратеникот од СДСМ, Петар Атанасов, во Министерството за образование.