Вознемирувачко видео:Тинејџер скокна пред камион

loading...

Тинејџер од Саудиска Арабија се прослави на социјалните мрежи откако е снимен како скока пред камион, а неколку часа подоцна е уапсен, поради загрозувањето на сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тој  беше качен над шофершајната на автомобил кој беше паркиран на сред улица, а потоа скокна пред камионот кој беше во движење. Шоферот на камионот сепак успеа да го заобиколи.

Тој не се здобил со повреди, но е уапсен.

Од полицијата е соопштено дека станува збор за тинејџер кој си го загрозил својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Поради таа постапка, тинејџерот го очекуваат санкции.

Translate »