Да го замениме бетонот со паркови и дрвореди!
Парковитe создаваат пријатна атмосфера и ни носат чувство на мир и задоволство. Не е случајно зошто источните народи толку многу време посветуваат на хармонично уредување на својата потесна околина, а јапонските градини претставуваат едни од најпосакуваните места за уживање.
Тоа е така бидејќи нашата среќа е поврзана со сетилото за вид и мирис кои најдиректно влијаат на нашето однесување и енергија.
Добро е да се живее во град каде што зелените паркови и дрворедите го заменуваат сивиот бетон. Уредените и одржувани зелени површини не само што ја разубавуваат околината, туку и значително влијаат на нашето чувство на среќа и благосостојба.
За жал, многу од нашите општини се полни со запуштени паркови, исушени растенија и тревници во жолта боја, наместо зеленило. Недостатокот на правилна грижа и несоодветен избор на растенија создава средина што негативно влијае на здравјето на човекот.
Но, тоа може да се промени. Уредените паркови и дрворедите се белите дробови на секоја општина. Тие го подобруваат квалитетот на воздухот, го намалуваат загадувањето (ПМ10 честичките) и придонесуваат за подобaр квалитет на животот воопшто.
Зелените простори го поттикнуваат дружењето и социјалната интеракција, и стануваат места за собирање и релаксација. Тие носат чувство на мир и задоволство, а правилно уредени, можат значително да го подобрат квалитетот на живот на секој од нас.
Затоа, од витална важност е да се грижиме за нашето зеленило – тоа директно влијае на нашата среќа! Одржуваните и уредени зелени површини го зголемуваат чувството на среќа на граѓаните во една општина!
Секој од нас заслужува квалитетен и хармоничен живот.
Кога парковите редовно се одржуваат, посебно во услови кога зелените површини се лимитирани, за сметка на станбената инфрастуктура, секоја одговорна општинска администрација не би требало да дозволи да се садат скапи растенија и садници, а потоа тие да не се одржуваат. Исто така погрешно е да се садат садници и дрвца кои се несоодветни за избраната локација,кои може брзо да се исушат и пак да се има запуштен и несоодветен простор.
На долг рок е поисплатливо и поекономично општината да склучи договор со приватна компанија, реномиран градинарски центар кој има капацитет и знаење да посади дрворед, да креира парк и истата зелена површина да ја одржува на долг рок. Општината на ваков начин заштедува, а граѓаните имаат убава и зелена околина.
Градинарскиот центар ФОЈА ги охрабрува и им стои на располагање на сите општини, заинтересирани сопственици на градини, компании со својата експертиза да се јават во Фоја, за идеен проект (за паркови, дрвореди, пошумување, селени скверови), и да добијат корисни информации дека уредувањето на зелени површини и не е така скапа инвестиција, и дека се е полесно кога тоа ќе го реализираат професионалци.
Постои можност да се уреди зелена површина со помалку средства!
Не мора многу пари да се вложуваат во зеленило. Но за жал има бројни проекти кои се бизарни, со несоодветен избор на растенија, реализирани со недоволно познавање за нивното правилно позиционирање и одржување, кои за кратко време се уништуваат.
А се може да биде поинаку. Важно е правилното распоредување на растенијата, да се внимава на изборот според тоа дали местото е сенковито или сончево, да се користат помали и соодветни култури за местото и позицијата и доколку станува збор за поголема површина задолжително вградување на систем за полевање, што ќе го олесни одржувањето во иднина.
Зелениот простор треба да има хармонија, мора да има рамнотежа, комбинација од зимзелени и листопадни растенија. Растенијата да бидат адаптабилни од сите аспекти, пред се на климатските влијанија (топлина, влажност, светлина) на тој простор и на крај сето тоа да биде декоративно, убаво за око.
Тајната на убаво уредените градини е во правилното одржување!
Правилниот избор на растенија, посветеноста и навременото одржување е рецепт за зелена површина со полн сјај, која плени воздишки.
Зградите во населбите се сѐ погусти, улиците се помали, недоволно место за паркирање и се на сметка на зеленилото, е честата слика во нашите општини. Според законската регулатива за градење има одреден коефициент што треба да опфаќа зеленило во однос на станбениот простор, но тоа се помалку се почитува.