Побараа оставка од Мицкоски и вонреден конгрес
Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес-конференција пред седиштето на партијата, од која бараат оставка од Христијан Мицкоски, и свикување на вонреден конгрес за избор на нов претседател.
Тие велат дека Мицкоски треба да го исполни ветувањето, и да поднесе оставка поради загубените избори и можноста да не формира Влада.
„За формирање на оваа власт сега, виновен е оној што можеше, требаше да понуди сериозни препознатливи политики кои ќе ги сплотат и привлечат сите граѓани. Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби. Виновен е тој што не успеа да изград и да завеземе став за сите. Кога еден тим губи, не може да биде виновна публиката или играчите, или домарот. Виновен е нивниот водач. Во овој случај за поразот на ВМРО-ДПМНЕ виновен е Мицкоски.
Мицкоски ги загуби претседателските избори, ги загуби локалните избори во Охрид и Ново Село. Ги загуби и парламентарните избори.
Вистината е дека највиновен е Мицкоски. На Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а на ВМРО-ДПМНЕ му треба ново и сериозно раководство. На партијата не му треба лидерство кое денес ќе каже едно, а утре спротивно.
Тој рече дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите. Изборите ги загуби, не формираше влада. Затоа ние од Иницијативен одбор за промени го повикуваме Мицкоски да си поднесе оставка и да превземе чекори за закажување на вонреден конгрес за избор на нов претсеадтел“.https://www.facebook.com/v8.0/plugins/video.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df251010affe428%26domain%3D24info.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252F24info.mk%252Ff996e63c4bd594%26relation%3Dparent.parent&container_width=0&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMediumskaInformativnaAgencija%2Fvideos%2F2662271684101977&locale=mk_MK&sdk=joey&width=1400