Цветанка Глигорова: Најдобрата ноќна шема е таму каде што настапувам јас!

Цветанка Глигорова, дипломиран правник во работно време, а пеачка и фото-модел во слободно. И стас и глас, што би рекол народот, а ние би додале и памет. Живее во родното Кавадарци ,  работи во Стопанска Банка-Битола ,  а настапува во : Кавадарци , Прилеп, Крушево, Струга Битола…. Во дамнешната 95-та  Цеце, на само 16 години,  го освои  Макфест, а сега со своите свирки    “жари и пали” низ цела Македонија.  Радар.мк ја прашува:

1. Правник или естрадна ѕвезда? Твојот избор е?
–  Пеењето, во секој случај, тоа е нешто што ме исполнува целосно
 2. Најдобра ноќна шема во Македонија?
– Таму каде што настапувам јас ?
3. Најомилена песна, домашна или странска
–  Секоја песна што е издржана, со добар текст и музика, мелодија што ми буди емоции…
4.  Забавно или народно ?  На што се палат Македонците
–  На Саша Ковачевиќ…ама нема правила , сe што е актуелно во моментот, без разлика дали е забавно или народно, битно е да е интересна песната, да влегува брзо во уво и што повеќе да се пронајдат во истата.
5. Најдобра свирка која ја памeтиш?
– Пеам многу години, така што тешко можам да издвојам една свирка …. мене ми е секогаш најважно луѓето кои се дојдени на забава да си поминат убаво и повторно на следната да дојдат пак. За мене, вистински успех за добра свирка е реакцијата на публиката.
6. Најсреќна си кога….
–  Кога чувствувам мир и спокој во душата.
7. Твојот тип на маж треба да има…
 – Треба да има жена како мене.
8. Која ти е најголема љубов во животот?
 – Ќерка ми.
9. Кои се твоите планови за иднината?
– Не ги кажувам. Страв ми е да не се урочам.
10. Што те мотивира?
– Сето она што во даден момент ќе ми створи нагон да изреагирам, било тоа да е убав сончев ден, моето дете или спонтана реакција на мојата публика.
 
Translate »