Бајката со која Џорџе Балашевиќ и помогнал на неподвижната ќерка да застане на нозе

„Книгата што ја нема“ е актуелен хит на Џорџе Балашевиќ, но фановите со посебно внимание треба да ја прочитаат „Наопачка бајка“ затоа што не е измислена – таа носи сеќавање на еден од најтешките периоди во животот на Балашевиќ.

Јелена Беба Балашевиќ ја сподели приказната на нејзиниот фејсбук-профил дека станува збор за „бајка“ што ѝ ја раскажувале по тешката сообраќајна несреќа во која го повредила ‘рбетот. Таа лежела неподвижна во болница и минувала низ пекол.

„Бајката“ ѝ помогнала повторно да застане на нозе.

– Не би било фер ако кажам дека ова е прва бајка на Џоле. Во ред, прва бајка на тато. Нема да кријам дека ова го пишувам јас, Беба, средното дете и еден од уредниците. Не би било фер кон „Божа Пуб“, „Приспивна за деца“ и, на крајот на краиштата, кон песната што најмногу ја избегнувам: „Наопачка бајка“. Споменатите ликови веројатно се измислени, тие живеат и понатаму во фантастичен пејзаж под Месечината. Но, оваа песна не е измислена. Во неа се вистински и болничкиот подрум како тунел кон небото и студениот челик на скалпелот и оној прв снег во кој оваа приказна не носи чудна песна, ѕвона и сватови. Чекај, тој за тебе пишувал? Тогаш кога си имала несреќа? Дали навистина ја раскажувал бајката – би прашувале сите. Не ја имав само јас. Ја имавме сите. И не е тема за оваа пригода. Но, да, тој ми зборуваше многу. И тато, и мама, и Лола и Алекс, ми раскажуваа за бајката за тоа дека ќе излезам одејќи од болничката соба и таа бајка за среќа стана вистина. Токму сега, 20 години по бајката, седам и ја пишувам малата вест за тоа дека тато напиша бајка што нема да ја избегнувам. Во меѓувреме дипломирав книжевност, па имам право малку и да глумам во улога на книжевен критичар, а што подобро го дефинира „книжевниот молец“ отколку парафразирање на Шекспир? Па, „Книгата што ја нема“ е дело во кое се создаваат соништа, а целиот наш живот е заокружен сон. Тоа е бајка што те растажува кога ќе заврши… Не затоа што нема среќен крај, бидејќи тогаш и не би била вистинска бајка, туку затоа што е крај. Како уредник, морав да ја прочитам неколку пати. И морам да признаам, да се биде уредник на оваа книга е исто така работа од бајките. Ова е книга што ги поврзува пријателите… И сосема сум сигурна дека ќе нѐ поврзе сите нас – пишува Беба. 
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1493835087436548&set=a.371500363003365&type=3
Translate »