Костадинов: Мицкоски да одговори како негова компанија експресно добила согласност за изградба на хидроцентрали?

Антизападниот пион Христијан Мицкоски втор ден бега од јавноста за шемите со неговиот ментор Никола Груевски. Но, поврзаноста со криминалите Никола Груевски излегуваат на виделина, јавноста ќе ја дознае целата вистина, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата, и покажа документ кој, според него, покажува дека Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година.

„Оваа компанија каде што сопственик е антизападниот пион Христијан Мицкоски, заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје. Овој конзорциум, во кој удел има антизападниот пион Мицкоски, во јуни 2014 се пријавил на јавниот повик за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроцентрали. Повикот е објавен од Владата на носителот на криминалот, Никола Груевски“, рече Костадинов.

За рекордно време од околу два и пол месеци од основањето на Енерготек ДОО Скопје, додаде тој, конзорциоумот кадешто удел има Мицкоски добил концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река.

„Антизападниот Мицкоски треба да одговори како тоа по само два и пол месеци од формирањето на Енерготек, конзорциумот во кој тој има удел, од Владата на носителот на криминалот Груевски, добива согласност за изградба на две хидроцентрали? Знаел ли антизапдниот и антинародниот Мицкоски однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик па затоа формирал фирма? Дали антизападниот Мицкоски веќе онапред ги договорил концесиите што ги добил конзорциумот МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО Скопје, па овој конзорциум бил наменски создаден?“, рече Костадинов.Makfaks.mk

Translate »