Објавени имињата на 138 македонски државјани кои одбиле да примат решение за самоизолација
Државниот санитарен и здравствен инспекторат објави список од 138 државјани на Македонија кои одбиле да ги примат решение за самоизолација.
Во списокот се наведени 104 имиња на лица од Скопје и блиските приградски општини. Станува збор за лица кои не примиле решение за изолација и или за самоизолација. Списокот е објавен денеска во македонските пишани медиуми.
На списокот, освен Скопјани, има 28 граѓани од Штип, од Гостивар се четворица, како и еден од општина Желино. На списокот нема жители од други општини и градови.
Дел од граѓаните потоа сами се јавиле и го подигнале решението, додека дел го примиле решението преку пошта. Но голем дел од решенијата е вратен назад и поради тоа е списокот со 138 граѓани објавен јавно во дневниот печат. Првично инспекторатот не можеше да најде повеќе од 450 луѓе. Инспекторатот подолго време се подготвуваше за да го објави овој список.
На списокот го има и името на бизнисменот Љупчо Палевски-Палчо, скопскиот бизнисмен кој по неколкумесечен притвор во Белград се вратил во Македонија и бил ставен во самоизолација. Самоизолацијата ја прекршил, па бил ставен во државен карантин.