Воен аналитичар ја предупредува Турција: “Не го правете тоа! Ако тргнете во тој судир, тоа ќе биде крајот на османлискиот сон”
Ако се случи воен судир меѓу Египет и Турција во близина на градот Сирт, египетскиот воен истражувач Мохамед Ал-Кинани рекол дека тоа на турската војска ќе и нанесе големи загуби.
Египетскиот истражувач покажал дека турската страна е таа која ќе ги пресуши копнените, морските и воздушните ресурси, и која поради големата оддалеченост ќе биде принудена да ја обезбеди линијата за снабдување и логистика од својата морнарица и воздухопловните сили со страшни финансиски загуби.

Нагласил дека египетската војска ќе има врвна и напредна способност да ги надомести загубите и безбедните линии на снабдување и логистичката поддршка, и сето тоа на многу пократка оддалеченост отколку на турската страна, што ги зголемува тешките задачи на турската морнарица и воздухопловството. Никогаш нема да успеат да ги соберат сите свои борбени способности пред египетските сили, со оглед на итната потреба да се заштити турскиот воздушен простор и брегот кој се протега во Средоземното, Егејското, Мраморното и Црното море, како и обезбедувањето на воздухот, копното и доводните линии од Турција до Либија на оддалеченост од 1.500 до 2.000 километри, а пред главниот непријател, а тоа е Грција”.

Тој додал: “Египет не ја дефинирал својата црвена линија, туку се сконцентрирал на планирање и процена на стратешката положба која се проучува на различни нивоа, и со целосна меѓународна и регионална легитимност”.


