Маркетите Елида од Куманово купија Вендинг машина од Пакомак

Супермаркетите Елида, со седиште во Куманово, направија значаен чекор кон промовирање на селектирањето отпад во Куманово, со купување вендинг машина од Пакомак. Со тоа им овозможија на граѓаните во Куманово, дополнителна можност за селективно одложување на пластичните шишиња и лименките.

Овој потег на супермаркетите Елида има за цел да ги зајакне еко навиките на граѓаните и да придонесе за почиста животна средина во Куманово. Вендинг машините го олеснуваат селективното одлагање на отпадот, усогласувајќи се со глобалните еколошки цели и поттикнувајќи одржливи практики во локалната заедница.

„Ние сме посветени на зајакнување на еколошката свест во Куманово. Со воведувањето на вендинг машините од Пакомак, ние ги поттикнуваме нашите граѓани активно да учествуваат во селектирањето на отпадот, и на тој начин тие создаваат почиста и поодржлива животна средина.” – велат од Елида супермаркети

   

Вендинг машините на Пакомак во супермаркетите Елида им овозможува на граѓаните удобен и пристапен начин да придонесат за почиста околина. Селективното одложување на отпадот го намалува негативното влијание врз животната средина, поттикнувајќи ги практиките за одговорно управување со отпадот кај локалното население.

„Пакомак е горд што соработува со Елида во промовирањето на одржливо управување со отпадот и создавање позелена иднина за локалната заедница. Ние го цениме овој пионерски исчекор од страна на маркетите Елида и нивната инвестиција во повратна вендинг машина. Елида е првиот ланец на маркети во Македонија кои инвестираa во ваква опрема и претставуваат одличен пример за сите останати во нашето општество. Од тие причини ние како Пакомак поставивме уште една машина во нивните маркети и заедно ќе работиме на подигнувањето на јавната свест за рециклирањето во Куманово“. – вели Ико Брдароски од Пакомак

Партнерството помеѓу овие две компании има повисока цел преку промовирање на селектирање на отпадот да се постигне позелена и чиста средина. Вендинг машините служат како практична алатка за всадување на еколошки навики, придонесувајќи за намалување на отпадот кој ќе се носи во депониите и зголемени напори за рециклирање.

Соработката на Елида Супермаркети и Пакомак сигнализира позитивна промена кон одржливо управување со отпадот во Куманово. Преку обезбедување на граѓаните со алатки за активно вклучување во селекцијата на отпадот, се придонесува за поздрава и почиста животна средина за сите во заедницата.

Translate »