Пратеници на ВМРО ДПМНЕ преговораат со СДСМ за уставни измени
Денеска потпретседателот и пратеник на СДСМ Мухамед Зеќири изјави дека дека се во постојана комуникација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени , а кога ќе има конкретна информација ќе биде соопштена во јавност.
На прашањето дали ќе се разговара и со поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, одговори дека Груевски „ќе си заврши таму каде што треба да заврши согласно вчерашната одлука од Апелација и оти “неговиот глас не е потребен“.
Инаку телевизијата Телма денеска повикувајки се на свои извори објави дека шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ преговараат за можноста да го дадат својот глас за уставни измени.
Владата постави рок од десет дена за да се знае дали ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени или, пак, ќе се оди на предвремени брзи избори следниот месец.