Почетни калкулации за локалните избори 2021, започнаа внатре-партиските сондажи

Не’ делат пет месеци од локалните избори, а партиите почнаа со анкетите и внатре- партиските калкулации за кандидатите за градоначалници. ТВ21 од партиски извори ги дознава можните имиња кои албанската власт и опозиција размислува да ги кандидира.

Во Чаир: ДУИ сега за сега има двајца потенцијални кандидати. Повторното кандидирање на градоначалникот Висар Ганиу, за кого изворите велат дека ја има поддршката на потпретседателот Изет Меџити, но не се знае дали ја има поддршката од партијата, биејќи од другата страна противкандидат може да биде Адриан Муча, актуелен директор на Паркови и Зеленило, кој ја има поддршката на партијата. Кој од овие двајца кандидати може да се трка во дресот на ДУИ ќе зависи од можната реконструкција на владата.

На другата страна, кај опозицискиот кампус иако се чинеше дека Беким Сали од Алтернатива има безбедна позиција за кандидат, во меѓувреме се појави името на новиот претседател на огранокот на АА, Зуди Кока. Со него, Алијанса изгледа го зајакнува своето влијание во Чаир. Зголемувајќи ги амбициите за општината. Во меѓувреме има гласини дека и Скендер Реџепи цели кон фотелјата за прв човек на општината.

Во Тетово: Двете потенцијални имиња на Интегративците се актуелната градоначалничка Теута Арифи, која ќе се кандидира повторно по трет пат, или Фљорин Бесими, актуелен директор на Тетовската клиника. Коалицијата АА-ААА за оваа општина во предвид има неколку  имиња. Вјолца Бериша, Илир Демири или Музафер Етеми. ТВ21 дознава дека опозицијата размислувала и за Хазби Лика кој веќе долго време е повлечен од ДУИ, но вчера за чудо се појави на положувањето цвеќе кај паднатите борци, каде беше виден заедно со Теута Арифи и други функционери на ДУИ.

Во Гостивар: Интегративците планираат да го кандидираат повторно Невзат Бејта а албанската опозиција како опција ја има и повторната кандидатура на Арбен Таравари, или новите кандидати, пратеникот Снопче или лекарот Асим Изаири.

Во Дебар: ДУИ планира да продолжи со Хекуран Дука а АА-ААА со Илиријан Фетаху или Беким Поцеста.

Кичево: Интегративците мислат дека повторно ќе победат со Фатмир Дехари но се зборува и за името на министерот Крешник Бектеши кој во Клик Плус на ТВ21 рече дека е сигурен дека нема да биде кандидат, но како што изгледа, неговото име и натаму е можна опција за градоначалник на Кичево. Секако и ова зависи од можната реконструкција на владата. Од друга страна, АА-ААА за овој град претендира со името на Ремзи Мехмеди, актуелен потпретседател на АА.

Еден друг министер од редовите на ДУИ за кого се зборува да премине во општината, е Јетон Шаќири. Всушност изворите на ТВ21 велат дека Интегративците за Струга се уште калкулираат меѓу Шаќири или повторното кандидирање на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко. Албанската опозиција на ум го има Имер Имери.

Што се однесува до помалите општини, во Врапчиште се очекува ДУИ да го кандидира Неби Реџепи а албанската опозиција да го кандидира повторно Исен Шабани. Во Боговиње ДУИ може да излезе со името на Нурхан Изаири.

Според изворите, калкулациите за локалните избори во октомври може да доведат и до реконструкција на Владата што се очекува да се случи на крајот на мај или почетокот на јуни.

Translate »