Најнова анкета на МЦМС: Половина од испитаниците одговориле дека се против промена на името
Никаква промена на името е ставот на речиси половина од граѓаните или 47,1 проценти, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија. Само 14,4 отсто од граѓаните би прифатиле „двојна формула“, речиси исто толку 14,1 би прифатиле име за севкупна употреба или ерга омнес. Договорено име за во меѓународните организации е прифатливо за 13,6 проценти од испитаниците, додека 10,1 отсто би поддржале договорено име за севкупна меѓунарона употреба. Овие резултати споредени со последната анкета на МЦМС од 2013-та година покажува пад од 15 процентни поени во противењето на каква било промена на името, но негативниот став за промена на името и натаму доминира, објави Телма ТВ.
Испитувањето на јавното мислење покажа и која придавка или додавка на името би била најприфатлива за граѓаните за постигнување решение. За „Горна“ се изјасниле 17,1 процент, за „Скопје“, 11,9 проценти, „Нова“ – 9,5, за „Северна“ 8,1 процент и за Вардарска 5,9 проценти. Мнозинство од испитаниците 44, проценти не се за ниту една додавка.