Пендаровски: Ако нема цензус ќе одлучат институциите

Според него расположението на граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат,  позитивно се зголемува. Пендаровски вели дека во недела очекува јасна порака од граѓаните.

На еден ден пред крајот на камапњата, со став за референдумот се огласи и професротоВасил Тупурковски, кој во 90-тите години беше директно вклучен во разгворите. Според него, договорот со Грција е единствено реално решение, а во недела не треба да се водат партиски битки..

– Пред 27 години имавме сосема прифатлив предлог за решавање на проблемите во македонско – грчките односи. Шансата не ја искористивме. Сега Македонија и Грција создадоа заемноприфатливо решение.Да бидеме реални, ова решение е полошо, но после 27 години е единствено реално и евентуално подоброто нема да биде пронајдено после нови децении на трагање заедно со нови жртвувани генерации. Значи треба да го прифатиме договорот помеѓудвете земји, вели Васил Тупурковски за МИА.

Македонија направи сериозен исчекор за евроатланската иднина, а изборот сега е помеѓу интеграција и изолација, вели во интервју за бугарски Блумберг, поранешниот премиер Владо Бучковски.

Кампањата за референдумот завршува во четврток на полноќ, кога практично започнува и пред референдумскиот молк. За разлика од изборните кампањи, кога е предвиден 24 часовен молк, молкот за референдумот е 48 часа.

Translate »