(ФОТО) КАРАЧИЌ МЕДИТИРА ВО ДОЈРАН
Поранешниот ракометар на Вардар и репрезентативец на Хрватска, Игор Карачиќ, за 1 мај е во Дојран. Таму е со неговата свршеница, манекенката Душица Андоновска. Игор на „Инстаграм“ објави фотографија сликана покрај езерото. „Како да медитираш од што ти е убаво“, му коментираа фановите. Меѓу тие што оставија порака на сликата на Карачиќ е и пејачот Жељко Самарџиќ.
„Рај на земјата. Уживај пријателе“, му напиша популарниот пејач.
Инаку, хрватскиот ракометар скоро два месеца е во Македонија. Пред да се затворат границите заради короната, тој дојде во Скопје од Полска, каде што игра оваа сезона. Потоа, ѝ направи романтично изненадување на Душица и ја побара за жена со дијамантски прстен и рози. Откако се во изолација, двајцата објавуваат слики за тоа како го поминуваат времето, а Душица неодамна се пожали дека „Игор ја малтретира да вежбаат по дома“.