Земјотрес почувствуван близу Ростуше
Земјотрес со јачина од 3,4 степени е регистриран кај Ростуше.
Информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар покажуваат дека епицентарот бил на 1 километар западно од селото Ростуше.
Тој е регистриран попладнево во 18:21 часот.
Потресот бил на длабочина од 2 километри.