Мицкоски е уверен дека предвремени избори ќе има, власта му возврати дека е познат губитник
Предвремените парламентарни избори но и кревкото праламентарно мнозинство и натаму во фокусот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на партијата Мицковски и денеска по посетата на зелен пазар во изјава за медиумите вели дека е време сериозно да се разгледа опцијата предвремени парламентарни избори заедно со локалните, иако премиерот Заев и вчера одговори дека не гледа потреба од тоа . Мицковски пак вели и дека се водат преговори и со одредени пратеници кои од власта може да преминат во опозиција но поради сериозноста на темата детали не сакал да открие.
Од владејачката СДСМ пак и денеска тврдат дека парламентарното мнозинство е стабилно, но и со обвинувања дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицковски се уште не излегле од како што велат криминалната матрица.
Во насока пак на евентуалната потреба од предвремени парламентарни избори дел од аналитичарите сметаат дека не е време за тоа, и дека за тоа е неопходно да има некои сериозни политички превирања или аргументи , но повторно ќе треба политички договор и согласност од власта за да дојде до тоа.
Прашањето за предвремените парламентарни избори но и за стабилноста на парламентарното мнозинство особено стана актуелна по расправата за интерпелација на Димитров за која не се изјаснија дури 7 пратеници од власта.
Гласањето резултираше со 55 против и 53 пратеници за таа да биде изгласана. Од собраниските служби пак и покрај барањето на медиумите не ја приложија листата на пратеници кои не се изјасниле, бидејќи како што велат поради новите протоколи и начинот на гласање во салата во која сега се одржуваат пленарните седници нема електронски систем на гласање.