Шок бомби и солзавец на протестите против Македонија во Солун (Видео)
3000 демонстранти поладнево протестираа против договорот со Македонија, по што се префрлија пред американската амбасада и конзулатото на РМ. Потоа поворката се упати кон седиштето на владеачката партија Сириза, на улицата Игнациа. Таму демонстрантите се задржаа половина час, извикувајќи слогани против владата на Ципрас и градоначалникот Бутарис. Повремено фрлаа камења врз полициското обезбедување, но насилствата еруптираа пред седиштето на партијата Независни Грци, каде дел од демонстрантите со качулки и маски на лицата се судрија со полицијата, која употреби солзавец и шок бомби.
Протестниот митинг беше одржан во организација на неколку грчки здруженија на грчката дијаспора, под мотото „Македонија значи Грција”.