Радмила Чобанова Василевска-создадовме јогурт кој ефикасно се грижи за здравјето

 

“Бенефит” функционален јогурт со  витални пробиотици кои ефикасно се грижат за здравјето

 

Радмила Чобанова ВасилевскаДиректор на сектор за контрола на квалитет  и развој во Млекара Здрaвје

Следејки ги светските трендови храната да се доближи до лек, во Млекара Здравје дојдовме до идеја да развиеме нов концепт на функционален јогурт “Бенефит”.

Овој производ содржи уникатна формула на три пробиотици, што го издвојува од останатите пробиотски јогурти кои се нудат на нашиот пазар. “Бенефит” во себе содржи 10живи, витални пробиотици кои со секојдневна консумција ја одржуваат рамнотежата на бактериите во дигестивниот тракт и се верни сојузници на добрите бактерии во борбата со лошите.

Потврда за  нивниот ефект  има во многубројна  клиничка документација.

Со оваа уникатна формула на три пробиотици во комбинација со најквалитетното млеко од нашите фарми Млекара Здравје им овозможува на купувачите да уживаат во вкусен производ кој се грижи за нивното здравје.

Клиничките истражувања се повеќе ја потенцираат потребата да бидеме во ,,симбиоза со бактериите,,за да бидеме здрави. Се поактуелна е и темата кај лекарите и нутриционистите за улогата на микробиомот на здравствената состојба на организмот.

Микробиомот го сочинуваат сите живи микроорганизми (поготово во гастроинтестиналниот тракт) и нивните гени во еден организам. Со нарушување на нивниот баланс се добиваат најразлични заболувања.

“Бенефит” содржи комбинација на пробиотски култури кои овозможуваат воспоставување на цревна рамнотежа помеѓу таканаречените „добри“ и „лоши“ бактерии, придонесувајќи кон намалување на надуеноста.  Се препорачува како додаток на секоја исхрана, за сите возрасти, како производ кој благотворно делува на дигестивниот тракт и го зајакнува имунолошкиот систем на организмот. Нутриционистите и докторите го препорачуваат особено во летниот период како диететски производ кој ефикасно се грижи за здравјето.

Пробиотските култури кои ги има “Бенефит”   ја регулираат работата на желудникот и го нормализираат варењето на храната во дигестивниот тракт. Ја одржува природната рамнотежа на системот за варење, успешно ја регулира столицата, и благотворно влијае на цревната флора.

Потврда за квалитетот на производите на Млекара Здравје стигна и од Брисел од Меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi. Имено добиено е престижното признание Superior Taste Award 1 награда за мешаното сирење, 2 за јогурт со 2,8% млечни масти, 2 за мешан кашкавал од Млекара Здравје. iTQi – е водечка светска организација посветена на оценување на вкусот и квалитетот на прехранбените производи и пијалоци.

Млекара Здравје го има најквалитетното  млеко во Македонија за што потврда добиваме од акредитирани лаборатории кај нас и во странство, добиено е  од најдобрите фарми во Македонија, преработено во современа фабрика со најмодерна опрема, и имплементиран ефективен систем за контрола на квалитет, во повеќе фази, за да на крај се создаде квалитетен финален производ кој е 100% Made in Macedonia. Производите се со одличен квалитет, а по пристапна цена, а од неодамна и со нов дизајн.

 

 

 

 

 

 

Translate »