Ердоган апсолутен победник на изборите
Ердоган освои 53,16 проценти , со што го обезбеди новиот петгодишен мандат . Досега се избројани над 91 процент од гласовите .
Неговиот најсериозен противкандидат Мухарем Инче освои 30 , 54 проценти , а останатите четворица кандидати помалку од десет проценти од гласовите.
И владејачката партија АКП на Ердоган победи на парламентарните избори со 54 ,14 проценти од гласовите . Одзивот на 56 милионското гласачко тело бил 87 проценти .
Опозицијата имаше голем број забелешки за изборни нерегуларности , особено на југоистокот на земјата .