Татко ги презeл работите во свои раце! Поставил замка за педофилот кој ја силувал неговата ќерка
Татко од Австралија е снимен додека бесно се соочува со маж, обвинет дека ја силувал неговата 14-годишна ќерка, откако го посетил нејзиниот дом за наводно повторно да ја нападне.
22-годишниот Џамил Шаудури наводно со девојчето разменил голем бој на пораки на Инстаграм, откако минатата година се запознале на интернет, било кажано на судот во Сиднеј.
Обвинет е за орален секс со девојчето и сексуален чин над неа на 2-ри јануари, кога ја нападнал во нејзината куќа на западот на Сиднеј, пренесува “Daily Mail”.
Кога наводно се обидел повторно да го види девојчето во нејзиниот дом во понеделникот, нејзиното семејство го задржало до доаѓањето на полицијата.
“Кога дојде, застанав зад ќерката, ја затворив врата и го зграбив”, рекол таткото.
Шаудури негирал дека се допишувал со девојчето, велејќи дека таа влегла на неговиот профил и самата си праќала пораки.
Мајката на девојчето дознала за пораките по првата сексуална средба, тврдат од полицијата.
После тоа му кажала на момчето дека нејзината ќерка е малолетна и да престане да и пишува.
Меѓутоа, допишувањето продолжило, се додека семејството не поставило замка и го фатило. Напаѓачот наводно отворил друг профил и продолжил да и пишува на малолетничката. Тогаш таткото ја преземал работата во свои раце и му одговарал на момчето претставувајќи се како својата ќерка.
Судот го одбил барањето за кауција на осомничениот, а на судење треба да се појави во февруари.