Филмски вооружен грабеж на банка во Скопје – вработените ги легнале на под и им впериле калаши

Пет маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на „Халкбанк“, на Јадранска магистрала во скопско Визбегово, денеска напладне, дознава „НетПрес“.

Според првичните информации тие носеле автоматско оружје и биле маскирани со т.н фантомки. Засега не е позната украдената сума и нема информации дали во филмскиот грабеж имало евентуално повредени лица.

Се очекуваат детални информации од МВР.

„Халкбанк“: Во грабежот нема повредени, средствата на клиентите се осигурени

Во грабежот што се случи попладнево во експозитура на „Халкбанк“ во Визбегово нема повредени лица. Од „Халкбанк“ велат дека средствата на клиентите се осигурени согласно политиките на банката.

„Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица Јадранска магистрала во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот. Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката“, се вели во писмената изјава.

Translate »