ФОТО: Цел свет зборува за „лудото“ српско дерби без протокол за коронавирус

Фудбалот во Србија го запрепасти целиот свет, кој живее во период на пандемијата и внимателно му пристапува на секој дел од животот. Спортот во нашиот северен сосед полека се враќа во нормала, а сцените од „вечното“ дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда во полуфиналето од Купот го обиколија светот.

Шпански, англиски, италијански, хрватски и многу други медиуми пишуваат за феноменалната атмосфера која беше направена на мечот меѓу лутите ривали од Белград. Повеќето од нив беа изненадени од начинот на кој што српските власти дозволуваат вакво групирање, без никакви мерки и протоколи за коронавирус.

Критики имаше и на социјалните мрежи, каде на големо се пишуваше за случувањата на дуелот кој заврши во полза на Партизан со минимален резултат. „Црно-белите“ стигнаа до посакувана предност во 58. минута и издржаа до крај, за да закажат финале против екипата на Војводина.

Погледнете дел од реакциите на светските медиуми за српското фудбалско дерби:

Translate »